Република Северна Македонија за промовирање на циркуларната економија, дома, но и во регионот во својата индустриска политика се фокусира на стратешките цели поврзани со катализацијата на зелената индустрија и зеленото производство, што е опфатено во новата индустриска стратегија 2018-2027 година, кажа министерот за економија, Крешник Бектеши во своето видео- обраќање на светскиот форум за циркуларна економија на тема Промовирање на циркуларноста во економиите во транзиција: Улогата на трговијата и економската соработка, која се одржа денеска во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).
Министерот потенцираше инвестициите во трансформација на зелена економија и зелена енергија се клучни приоритети на Северна Македонија и оваа година и покрај економската криза предизвикана од пандемијата, се вложуваат максимални напори за зголемување и промовирање на циркуларната економија во земјата што ќе придонесе за поодржливо користење на ресурсите, за поодржливо производство, поодржлива потрошувачка и подобро управување со отпадот.
“Позеленувањето на една компанија или индустрија не е еднократна акција, туку континуиран процес на радикални промени што доведуваат до подобрување на перформансите. Условите што го промовираат зазеленувањето на индустријата не можат да се постигнат со единствен политички инструмент. Сите индустрии, без оглед на секторот, големината или локацијата, континуирано ги зголемуваат нивните еколошки перформанси. Ова вклучува заложба за намалување на влијанијата врз животната средина на процесите и производите со поефикасно користење на ресурсите, укинување на токсични материи, замена на фосилни горива со обновливи извори на енергија, надградба на индустријата за дигиталното доба, низок-јаглерод, иновации, инвестиции и интернационализација“, кажа министерот Бектеши во своето воведно обраќање и додаде дека во Национална програма за конкурентност, иновации и претприемништво, Министерството за економија ги поддржува компаниите да развиваат проекти за проценка на компанијата и воведување на концептот на циркуларна економија, гледајќи го целиот животен циклус на производи, намалување на отпадот и современо управување со отпад и рециклирање.
“Во оваа смисла, започнавме да организираме активности за подигање на свеста и градење на капацитети за промовирање на зелената економија. Намерата е подобро да се разберат предизвиците и важноста од воведување на новиот концепт во функционирањето на сите нивоа, почнувајќи од самите компании“, потенцираше министерот.
Во делот на енергетиката, министерот посочи дека, Северна Македонија презема важни чекори за производство на електрична енергија со обновливи извори се со цел да се намали зависноста од емисиите на стакленички гасови.
“Подготвивме Национален план за енергија и клима 2021-2030, со што ги усвоивме петте димензии на Енергетската унија, односно декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност на снабдување со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност. Во овој план се предложени околу 63 специфични политики и мерки за да се постигнат утврдени цели за секоја од петте димензии“, кажа министерот и додаде дека една од клучните цели на Министерството за економија е на постепено затворање на електраните на јаглен и забрзување на употребата на обновливи извори за производство на електрична енергија во комбинација со енергетска ефикасност.
“Северна Македонија веќе го ратификуваше Парискиот климатски договор, придонесувајќи во глобалните напори да се намалат емисиите на стакленички гасови предизвикани од согорувањето на фосилни горива за 30%, што е тенденција за 36% повисоко, до 2030 година. Минатиот месец, за време на Самитот на Западен Балкан, регионот ја усвои Декларацијата за зелената агенда. Со ова, регионот се обврзува да следи процес на транзиција од линеарна во циркуларна економија, потполно свесни за потребата од систем за истражување и иновации за поддршка на оваа транзиција, како дел од заедничкиот регионален пазар. Следниот чекор е подготовка на Акционен план со патокази за спроведување на оваа Декларација за зелената агенда и воспоставување на ефективен и ефикасен систем за следење“, потенцираше министерот во своето обраќање на светскиот форум за циркуларна економија на тема Промовирање на циркуларноста во економиите во транзиција: Улогата на трговијата и економската соработка.
Фото: Freepik