Инвестиција од 5,8 милиони евра, три филмски студија ќе се градат во Србија

49

Белградска компанија ќе изгради три филмски студија на парцела од 12 хектари во Панчево. Станува збор за инвестиција вредна 5,8 милиони евра, којашто ќе вработи десетина работници, а за посебни проекти и до 2.000 работници.

“Изградбата на филмски град е важна за Панчево бидејќи не позиционира на туристичката мапа како центар на филмската продукција“, изјави градоначалникот Саша Павлов.

Филмот е голема индустрија којашто ангажира разни сектори, но привлекува и многу луѓе, особено ако доаѓаат светски филмски ѕвезди. Целата инвестиција е во прва фаза и се очекува годинава да започне и изградбата, велат од градскиот совет на градот.

Фото: Pixabay