Инвестицискиот фонд Advent и ЕБОР ќе ја преземат балканската мрежа на Hypo

69

Hypo-Group

Австриската банка Hypo Alpe Adria даде согласност за продажба на својата балканска мрежа на инвестицискиот фонд Advent International заедно со нивниот партнер – Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), пишува Reuters.

Од Hypo велат дека главниот извршен директор, Александар Пикер, се откажува од таа функција, но ќе остане на чело на холдингот што ја управува балканската мрежа, што е оперативна во пет земји (Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), има 8,4 милијарди евра актива и над 1,15 милиони клиенти.

Австриските власти ја национализираа Hypo во 2009 година, по десетгодишна експанзија.