Најголемата стопанска комора на Малезија пред своите членови ги промовираше условите и можностите за инвестирање и развој на трговските односи со Македонија.
Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот беше изјавено дека по средбата на директорот Висар Фида и промотерот на Македонија во Малезија, Тони Атанасовски со претставници од малезиската комора во април годинава, соработката на Агенцијата и стопанска комора на Малезија продолжува интензивно.
Остварени се средби со највлијателните компании членки на ова здружение, на кои биле разгледувани можностите за организирање на бизнис форум на малезиски компании во Македонија.
“Релативно непознатиот пазар од овој регион исто така може да биде добра шанса за извоз на македонски производи. Посветуваме големо внимание на промоција на Македонија во Малезија и овој регион, се со цел добро да ги искористиме сите можности за инвестирање и промоција на извозот“, изјави директорот на Агенцијата Висар Фида.
Малезија како и другите земји членки на ASEAN имаат капацитет за инвестирање надвор од регионот, а како посебно таргетирани се компаниите кои веќе имаат потреба од проширување на постоечките капацитети и имаат постоечка соработка и извоз во Европската унија.