Инвестирани 26,5 милијарди евра во стартапи во 2020 година

10

Велика Британија минатата година ја потврди челната позиција по инвестиции во иновативни компании и покрај излегувањето од Европската унија, покажува анализата за консултантската компанија Ernst&Young.

Иновативните компании во Британија во 2020 година привлекоа дури 13,9 милијарди евра, една четвртина повеќе во споредба со 2019 година, со двојно зголемен број на циклуси за финансирање.

Пораст во инвестиции во иновативни компании има и во Франција и тоа за 3,4% на 5,2 милијарди евра.

Германија, пак, има голем пад на инвестициите и тоа за 15% на околу 5,3 милијарди евра.

И листата на градови покажуваат доминација на Обединетото Кралство, па така само во лондонските стартапи се вложени 10,5 милијарди евра. Париз е на второ место со 3,9 милијарди евра, додека трет е Берлин со нешто помалку од три милијарди евра.

Во 2019 година, Берлин беше пред Париз, а Минхен се пласираше на шесто место.

Ниту пандемијата, ниту Brexit минатата година не го спречија финансирањето на нови компании во Европа.

Благодарение на рекордот постигнат во втората половина од годината, вкупното финансирање на нови стартапи во 2020 година порасна за 17% на 26,5 милијарди евра.

Фото: Pexels