Инвеститори од Турција ќе вложуваат во алтернативни извори на енергија во Богданци

46

9051902Турски инвеститори имаат намера да вложат средства во алтернативни извори на енергија во Богданци. Тие вчера се сретнаа со градоначалникот на општината, Ристо Ичков.

На средбата се разговараше за условите што ги нуди Богданци и за можните локации за изградба на капацитети за производство на алтернативна енергија.

Инвеститорите од Турција ја изразија својата подготвеност да инвестираат во општината и посочија дека следните контакти ќе ги направат со надлежните ресорни министерства.

Исто така тие го информираа градоначалникот на Богданци дека веќе основале и компанија од областа на енергетиката во Македонија.