Инвеститорите го поздравија постигнувањето на трговски договор меѓу САД и Кина во Женева

Инвеститорите го поздравија трговскиот договор постигнат меѓу САД и Кина за време на разговорите во Женева овој викенд.

Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир изјави дека е постигнат договор со Кина за намалување на трговскиот дефицит со САД.

Кинескиот вицепремиер Хе Лифенг ја опиша средбата како „искрена“ и „важен прв чекор“, објави Ројтерс.

„Ова е чекор во вистинската насока, покажувајќи дека обете страни се заинтересирани за постигнување конструктивно решение и развивање подобри трговски односи“, изјави главниот инвестициски директор на „Норт Стар Инвестмент Менаџмент Корп.“. во Чикаго, Ерик Куби.

Инвеститорите неодамна изразија оптимизам дека најлошите трговски сценарија нема да се материјализираат и посочија знаци на деескалација меѓу САД и Кина како причини за закрепнувањето на акциите.