Инвеститорите на Волстрит претпазливи пред извештајот за инфлацијата

26

Вчера на Волcтрит се тргуваше внимателно, а индексите не осцилираа значително бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред извештајот за потрошувачките цени во САД во февруари.

Dow Jones зајакна 0,12 отсто, на 38.769 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,11 отсто, на 5.117 поени, а индексот Nasdaq 0,41 отсто, на 16.019 поени.

По благ пад минатата недела, на почетокот на новата недела индексите забележаа само мали промени.

Акциите во технолошкиот сектор сè уште се под притисок, особено производителите на чипови
Најмногу падна индексот Nasdaq бидејќи акциите во технолошкиот сектор, особено производителите на чипови, кои неодамна забележаа силен раст, сè уште се под притисок.

Така, вчера цената на акцијата на Nvidia падна за околу 2 отсто, а Advanced Micro Devices за повеќе од 4 отсто.

Извештај за потрошувачките и продажните цени во февруари
Инвеститорите се претпазливи бидејќи оваа недела ќе бидат објавени два извештаи кои ќе покажат како се движела инфлацијата во февруари и кои би можеле да влијаат на одлуката на американската централна банка во однос на каматните стапки.

Фото: Facebook