Инвеститорка открива: Која особина ја имаат сиромашните деца за да успеат

266

Американската бизнисменка и инвеститор Барбара Коркоран, која е основач и на ТВ-шоуто Shark Tank, каде луѓето доаѓаат и ги презентираат своите идеи и производи пред докажани бизнисмени, со надеж дека тие ќе инвестираат во нивната идеја, откри зошто никогаш не инвестира во богати деца.

Според неа, причината зошто е тоа така е тоа што богатите деца имаат неколку одлики кои “многу ја вознемируваат“.

“Богатите деца генерално имаат неколку ‘маани’. Тие имале вистинска работа затоа што имале вистински контакти, така што во летните месеци во тинејџерските денови имале соодветна пракса во различни, вистински компании. Сиромашните деца го чекаат своето место, истовремено работат во продавници, кафулиња, каде често им викаат“, вели Коркоран, која и самата пораснала како посиромашно дете во големо семејство и мал простор.

Како што понатаму наведува, богатите деца обично оделе во најдобрите училишта, а она што доаѓа со одењето во најдобрите, особено деловните училишта, е одреден став и знаење што тие го имаат.

“Сепак, тие знаат сè за работата како набљудувач, а не знаат за работата како играч. Додека, од друга страна, сиромашните деца имале проблеми. Тие  и претходно морале да бидат играчи. Тие ја знаат моќта на доларот“, вели Коркоран.

На крајот, објаснува таа, повреденото сиромашно дете е гаранција за неа дека ќе заработи пари, затоа што поради егото ќе сака да докаже дека некој не е во право.

Самата Барбара се соочила со тоа, бидејќи, како што вели, нејзиниот прв деловен партнер и рекол дека никогаш нема да успее со него.

“Повеќе би умрела отколку да дозволам да ме види ако не успеам“, вели таа, додавајќи дека многу од нејзините деловни соработници биле во слична ситуација.

Фото: Pixabay