Тим од инженери од MIT и NASA тестираат нов вид на авионско крило што ја менува формата во зависност од аеродинамичното оптоварување.
Крилото е составено од стотици, минијатурни идентични елементи и може да придонесе за значително зголемување на производството, летовите и нивната ефикасност.
Новата конструкција е ултра лесна, изработена од малечки триаголни делови прекриени со тенок полимерен слој, пишува Engadget. Материјалот, колку за споредба, тежи помалку од еден илјадити дел од густината на гумата, а благодарение на внимателно позиционираните делчиња, крилото може автоматски да ја смени својата форма.
Научниците развија и нов начин за производство на индивидуалните делови со помош на инјектирање. Иако првичниот модел беше составен рачно, во иднина составувањето на крилата планирано е да го вршат автономни, мини роботи.
Фото: MIT