iPhone 6 единствено во Вип

57

Basic RGB

Последниот крик на мобилната телефонија кој својата светска премиера ја доживеа пред десетина дена и кој со нетрпение го очекуваа милиони корисници ширум светот – iPhone 6, од утре е достапен за корисниците единствено во понудата на Вип.

Поголем и подобар од своите претходници, невројатно тенок само 6,9 mm,  iPhone 6 поседува 4,7-инчен Retina HD дисплеј, A8 Chip со M8 Motion Coprozessor кој заедно со иновативната технологија која ја содржи, обезбедува удобно и лесно користење. Напредните 8-пикселна iSight задна ХД камера и  FaceTime® ХД предна камера, заедно со ултра брзи безжични технологии или пак сигурносниот Touch ID Senzor за отпечатоци за прсти, го ставаат iPhone 6 високо на листата на еден од најпосакуваните телефони во светот и тема за разговори на љубопитните и зависниците од најсовремени технолошки достигнувања.

iPhone 6 е достапен за корисниците почнувајќи по цена од 1.499 денари месечна рата во тарифниот модел Vip Free+ NoLimit+ со договор на 24 месеци, со новиот софтвер кој овозможува користење на 4Г ЛТЕ мрежата на Вип.