Иран очекува производството на нафта да се зголеми на 3,6 милиони барели дневно до март 2024 година

25

Иран очекува производството на нафта да порасне на 3,6 милиони барели дневно до март 2024 година, кога годината завршува според иранскиот календар, од сегашните 3,3 милиони барели, изјави  иранскиот министер за нафта Џавад Овџи.

Иран неодамна потпиша шест договори за развој на наоѓалишта на нафта и гас во земјата, а вкупната вредност на овие договори е 14,5 милијарди долари, изјави министерот Овџи при посетата на претседателот на Иран Ибрахим Реиси на Министерството за нафта на Иран. , пренесува порталот oilprice.com.

Споменатиот министер претходно овој месец објави дека производството на нафта во Иран скокнало за 50 отсто во споредба со периодот пред две години.
Производството на нафта во Иран во август 2021 година изнесуваше 2,2 милиони БДП.