Иран отвори нафтен терминал во Оманскиот залив

29

Иран го отвори првиот нафтен терминал во Оманскиот залив, што на Техеран ќе му овозможи користење на бродски рути низ Ормуски мореуз, којшто со децении е жариште на регионални тензии.

“Ова е стратешки потег и важен чекор за Иран, којшто ќе обезбеди продолжување на извозот на нафта. Денеска се утоварува првата пратка од 100 тони нафта надвор од Ормускиот мореуз. Ова преставува неуспех за американските санкции“, рекол иранскиот претседателот, Хасан Рухани.

Додал дека Иран планира да извезува милион барели нафта дневно од Бандар е Јаска, пристаниште на иранското крајбрежје на Оманскиот залив, сместено малку појужно од Ормунскиот мореуз.

Иран често се закануваше дека ќе го блокира мореузот во случај на блокада на неговиот извоз на сирова нафта поради американски санкции, коишто Вашингтон повторно ги воведе пред три години кога тогашниот претседател Доналд Трамп одлучи САД да излезе од техеранската нуклеарна програма на шест водечки светски сили.

Техеран и администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп водат индиректни разговори во Виена од почетокот на април за заживување на тој договор.

Фото: Pexels