Иран планира да го зголеми производството на нафта на четири милиони барели дневно

16

Иран планира да го зголеми производството на нафта од 3,6 на четири милиони барели дневно (bpd), објави денеска локалната агенција Тасним.

Како што пренесува Ројтерс, Иран во првиот квартал од 2024 година извезол во просек 1,56 милиони барели нафта дневно.

Минатата година Техеран извезуваше во просек 1,29 милиони барели дневно, што е за 50 отсто повеќе отколку во 2022 година.