
Иран продал нафта во вредност од 11,5 милијарди долари (10 милијарди евра) помеѓу 28 февруари, почетокот на војната, и 8 април, кога беше постигнат привремен прекин на огнот, соопшти денес иранското министерство за нафта.
Помеѓу 8 април и 7 јули, кога непријателствата продолжија, продадена е нафта во вредност од 6,5 милијарди долари (5,7 милијарди евра), со што вкупната продажба на нафта за време на војната достигна 18 милијарди долари, додаде истиот извор.
„Ова претставува повеќе од 60 проценти од приходите од нафта проектирани во годишниот буџет, во услови на криза“, се вели во соопштението.
Сепак, за време на претходната блокада на САД, од април до јуни, главниот преговарач на Иран и претседател на парламентот, Мохамед Багер Галибаф, во тоа време изјави дека Иран не бил во можност да извезе „ниту еден барел нафта“.











