Ирска излезе од програмата за помош на ЕУ и ММФ

48

DublinИрска стана првата земја од еврозона која излезе од меѓународната програма за помош, но животот на граѓаните нема да се промени од денес до утре, изјави премиерот Енда Кени.

Во говорот кој во неделата навечер беше директно пренесуван на ирската телевизија, премиерот Кени официјално го објави излегувањето од планот за спас кој во 2010 година на Ирска и го наметнаа Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Ирска, со своите 4,6 милиони жители, сега станува пример за другите европски земји кои се во програмата за меѓународна финансиска помош, како Кипар, Португалија и Грција.

Ирскиот премиер најави дека во текот на оваа недела ќе ја претстави економската програма за следните седум години, чија цел е да гарантира дека стабилноста на Ирска веќе никогаш нема да биде под закана на шпекулациите и алчноста.