Ирска лани го зголеми извозот на медицински и фармацевтски производи

58

Извозот на стоки од Ирска минатата година достигна рекордни 160,8 милијарди евра, што во најголема мера е поради зголемената побарувачка за медицински и фармацевтски производи во текот на пандемијата.

“Медицинските и фармацевтските производи сочинуваа 39% од вкупниот извоз во 2020 година, што е за една четвртина повеќе во однос на 2019 година“, покажуваат проценките на тамошниот завод за статистика.

Другите извозни сектори имаат пад во продажбата на странски пазари поради пандемијата и воведените рестриктивни мерки. Извозот на храна и живи животни се намали за околу 2%, а извозот на производи од преработувачката индустрија, машини и транспортна опрема за околу 8%.

Извозот на Ирска во земјите членки на Европската унија се зголеми за 13% во 2020 година, а уделот на ЕУ во вкупниот извоз на земјата достигна 40%. Во исто време, извозот во Велика Британија се намали за 9%.

Фото: Pexels