Ирска се спрема да се откаже од даночна стапка од 12,5%

25

Ирска се подготвува да се откаже од даночната стапка на добивка на компаниите од 12,5% заради воведување на глобалната стапка од 15%, пренесуваат тамошните медиуми.

На почетокот на јули 130 земји, кои се дел од иницијативата за сузбивање на даночните раеви под водство на Организацијата економска соработка и развој и Г20, го прифатија предлогот големите мултинационални компании да плаќаат глобална даночна стапка од најмалку 15%.

Предложено е и дел од правата за оданочување на големите компании да се насочат од матичните во земјите во коишто работат.

Ирска беше меѓу неколкуте земји коишто првично не го прифатиле предлогот, заедно со Унгарија и Естонија.

Владата уште не донела официјална одлука, но се очекува дека ќе се откаже од стапката од 12,5% во рамки на новиот договор.

Фото: Pixabay