Ирска со раст на БДП поради големиот извоз на мултинационалните компании

14

Бруто домашниот производ (БДП) на Ирска се зголеми за 7,8% во првото тримесечје од оваа година како резултат на големиот извоз на мултинациналните компании, покажуваат официјалните податоци.

Но, доколку се исклучи ефектот од извозот на мултинационалните компании, ирскиот БДП се намали за 1% на квартална основа.

“Заострување на ограничувањата поврзани со коронавирусот го намали нивото на економска активност во многу сектори насочени на домашниот пазар“, вели Џенифер Баним, заменик директорка на одделот за економска статистика во Ирска.

Ирската влада го укина третиот карантин минатиот месец по скоро пет месеци. Таа блокада според Универзитетот Оксфорд е меѓу најстрогите во Европа.

Фото: Pexels