Ирски остров бара пар или двајца пријатели кои таму ќе водат бизнис

266

Ако сакате да се исклучите од интернет и социјални мрежи, Ирска е можеби вистинското место за вас, поточно островот Бласкет којшто е најголемиот остров од групата острови наречени Бласкети кои се наоѓаат на западниот брег на Ирска.

За работа на островот се бараат двајца луѓе кои таму ќе се преселат и ќе работат шест месеци, од април до октомври со обезбедени сместување и храна.
Оваа работа која вклучува храна и сместување е идеална за пар или двајца пријатели кои добро се согласуваат, напиша Алис Хејс која го постави огласот на Twitter, пишува Business Insider.

Идеалните кандидати кои ќе ги пречекуваат гостите и управуваат со викендичките и кафуле треба да се во добра кондиција, да имаат  добри вештини со луѓето и да бидат љубезни.

Островот е познат по својата дивина, но неговиот недостапен терен го прави ненаселено подрачје. Според магазинот Smithsonian, на островот живееле најмногу 160 луѓе.

На островот Бласкет во последните неколку години се реставрирани многу куќи и се обезбедени погодности за посетителите на островот. Но, питката вода е ограничена, така што се бара од посетителите да донесат своја.Освен тоа, островот нема интернет, струја или топла вода за туширање.

“Оган, свеќи, дивина и природа. Ние користиме плински боци во викендиците и кафулето, а имаме и канистери со бензин“, вели Хејс.

Фото:Pexels