Исчезнаа скоро 20 милиони дози вакцини во САД?

22

Скоро 20 милиони дози вакцини наводно исчезнале при испорака во американските сојузни држави, во време на администрацијата на Доналд Трамп.

Лондонски Independent се повикува на свои извори, коишто наведуваат дека недостасуваат скоро 20 милиони дози откако се испратени во САД, а Центарот за контрола и превенција на болести прецизира дка 41,1 милион дози се испратени ширум САД од декември, а само 22,7 милиони Американци примиле вакцини.

Според податоците со коишто располага новата администрација, некои држави соопштиле дека на одредени количини вакцини не може да им се влезе во трага, односно ги нема ниту во складиштата, ниту на било кое друго место.

И додека тимот на Бајден сака да ја забрза вакцинацијата, бројни Американци одбиваат да се вакцинираат.

Фото: Freepik