Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 20.07.2017 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Агрокуманово АД Куманово, заради преобразба на друштвото во Друштво со ограничена одговорност.
Акциите издадени од Агрокуманово АД Куманово ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 21.07.2017 година (петок).