Исланд почна да издава потврди за вакцинирање за да се олеснaт патувањата

55

Исланд почна да ги издава првите потврди за вакцинирање, чија цел е полесно патување на оние кои се заштитиле од Ковид-19, информираат тамошните власти.

Околу 4.800 луѓе на Исланд веќе ги примиле двете дози од вакцината и добиле потврда на платформа што е достапна на интернет од минатата недела.

Целта на потврдите е повторно циркулирање на луѓе меѓу државите, но исландската потврда засега важи само во рамки на државата.

Исланд планира да прима државјани на Европската унија, којашто ќе започне таков механизам или ќе го преземе оној што ќе го воспостави Светската здравствена организација.

Исланд не е земја членка на ЕУ, но е во шенгенскиот простор на слободно движење.

Се расправа за таканаречен ковид пасош што ќе го олесни патувањето во рамки на Унијата, но е далеку од постигнување решение. Земји како Грција заговараат такво решение, за да го спасат туризмот, но Франција и Германија се противат на такво нешто.

Фото: Freepik