Исплатената еврообврзница го намали државниот долг на 28,5% од БДП

42

evra 1Македонија денеска целосно ја исплати еврообврзницата земена во 2009 година и со тоа се раздолжи за 183 милиони евра. Со ова е намален државниот долг на 28,5% од БДП, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Според министерот, на тој начин се испраќа добар сигнал кон инвеститорите дека Македонија е земја со висок степен на макроекономска стабилност и целосно исполнување на сопствените обврски, што е значајно за во иднина кога ќе се пристапи кон пазарот на капитал.

Република Македонија треба да исплати уште една еврообврзница во 2015 година, што е земена во 2005 година.