Исплатени 1,41 милијарди денари субвенции за тутунарите

64

tutun1Министерството за финансии вчера исплати 1.413.488.426 денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2012 на 22.313 земјоделци.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, на вчерашната прес-конфереција изјави дека со тоа започнала реализацијата на мерката предвидена со Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2013 година, чиј краен рок е јуни 2014 година.

Крајниот законскиот рок за откуп на тутунот кај комбинатите беше 15 март, што значи дека исплатата започнала веднаш откако биле извршени законските контроли.

Како што рече Ставрески, вчера биле исплатени субвенции на кооперантите на комбинатите Струмица Табак – Струмица, Алајанс Уан- Кавадарци, СОКОТАБ – Битола, ОРБИТА ТАБАК – Скопје, Пашоски Тутунски дилер – Скопје.

Тој додаде дека во тек се контролите во Тутунски комбинат Прилеп каде има 3.111 кооперанти, Центро Табак 389 кооперанти и Далија Табак 255 кооперанти. До крајот на неделата треба да се исплатат и остатокот од средствата во износ од 188 милиони денари.

Вкупно за оваа намена се обезбедени 26 милиони евра, а поддршката изнесува 60 денари за килограм произведен и продаден тутун.