Исплатени 170,7 милиони денари субвенции за земјоделците

34

Министерството за финансии исплати 170,7 милиони денари субвенции на 7.133 лица по повеќе основи.
За мерката полјоделски култури исплатени се 71,9 милиони денари на 2.853 полјоделци. Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина за полјоделски култури изнесува 9.000 денари.
За градинарско производство на отворено и во пластеници исплатени се 12,6 милиони денари на 758 градинари. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 6.000 до 25.000 денари по хектар.
За оддржување постоечки лозови насади исплатени се 24,2 милиони денари на 557 лозари. Финансиската поддршка која ја добиваат лозарите за оваа мерка изнесува 40.000 денари по хектар.
На вкупно 1.803 сточари исплатени им се субвенции во износ од 38 милиони денари за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко. Субвенцијата по литар млеко изнесува 3,5 денари.
Исплатени се и 23,8 милиони денари субвенции на 1.162 сточари за одгледување кози, при што поддршката по литар изнесува 1.000 денари по грло.
Владата со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна во поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство.