Исплатени 209 милиони денари субвенции за сточарите

19

stadoВкупно 209 милиони денари вчера беа исплатени на 4.980 сточари за одгледување овци, говеда, пчели и маторици.

Според соопштението на министерството за финансии, на 616 сточари вчера им биле исплатени 98 милиони денари за одгледување овци. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 1.000 денари по грло, за сите категории овци, плус 700 денари за секое задржано женско јагне.

На 2.589 сточари им се исплатени 52 милиони денари за одгледување говеда. Финансиската поддршка за оваа мерка изнесува 2.700 денари по грло.

Во соопштението од Министерството се додава дека за одгледување пчели на 1.349 одгледувачи им се исплатени 55 милиони денари. Мерката изнесува 600 денари субвенција по презимено пчелно семејство. На сметките на 426 сточари се префрлени 4 милиони денари за одгледување маторици. Финансиската поддршка изнесува 900 денари по грло.