Исплатени 305,2 милиони денари субвенции за полјоделски култури

39

Министерството за финансии им исплатило 305,2 милиони денари субвенции на 18.688 земјоделци за одгледување полјоделски култури.

Исплатени се субвенции на земјоделци кои одгледуваат пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, леќа, кикирики, соја, маслодајна репка, добиточна репка, афион, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут и луцерка на целата територија на Република Македонија.

Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина за полјоделски култури изнесува 9.000 денари.