Исплатени 31,7 милиони денари на 17.630 земјоделци

9

На смеките на 17.630 земјоделци се исплатени субвенции за добиточна храна, индустриски и житни култури во висина од 31,7 милиони денари, соопштуваат од Министерството за финансии.

За одржување површини засадени со добиточна храна префрлени се 22,7 милиони денари на 15.232 земјоделци. Мерката ец1.000 денари по хектар за одржување обработлива површина.

За сончоглед и ориз исплатени се девет милиони денари на 2.398 земјоделци. Мерката изнесува 3.000 денари по хектар за одржување површини засадени со овие култури.