Исплатени 328,8 милиони денари на сточарите

28

g_stocari-1Министерството за финансии им исплати 328,8 милиони денари (5,3 милиони евра) на 3.397 земјоделци за поддршка на сточарството.

За одгледување овци исплатени се 177.256.598 денари на 871 сточар. За мерката заклани гоеници исплатени се 89.427.384 денари на 154 лица.

За одбележани грла говеда исплатени се 56.539.204 денари на 2.182 лица, додека на 190 сточари за одгледување кози исплатени им се 5.568.240 денари.