Исплатени 52,3 милиони денари субвенции за градинарски култури

16

На вкупно 1.550 земјоделци денеска им беа исплатени субвенции за градинарски култури во износ од 52,3 милиони денари.

Финансиската поддршка за сите градинарски култури, како што наведуваат од Министерството за финансии, изнесува 1,5 денари по продаден килограм на преработувачките капацитети, освен за пиперка и корнишони каде поддршката изнесува 2,5 денари по килограм.