Исплатени 71 милиони денари за лозови, овошни насади и градинарски култури

89

lozarstvo_gМинистерството за финансии вчера исплати 71 милиони денари на 3117 земјоделци за одржување на овошни и лозови насади и производство на градинарски култури.

Од министерството соопштуваат дека 39,9 милиони денари им се исплатени на 1035 земјоделци за одржување на овошни насади.

На 2016 земјоделци им се исплатени 30 милиони денари за производство на градинарски култури, а на 66 лозари за одржување на лозови насади им се исплатени 1,6 милиони денари.