Исплатени 94 милиони денари за полјоделство

21

На сметките на 7.181 земјоделец денеска се исплатени 94.000.000 денари субвенции како финансиска поддршка за посеани површини со полјоделски култури, информираат од Министерството за финансии.

Владата на земјоделците им исплаќа по 9.000 денари по хектар посеана површина полјоделски култури, а од 2014 година ја зголеми поддршката за пченицата за која субвенцијата ја покачи на 12.000 денари по хектар.