Исполнети условите за влез на Лидл и Икеа во Србија

53

Лидл и Икеа, двете долго најавувани трговски куќи кои преку две години чекаат на стабилизација на цените на пазарот и отстранување на недостатоците во снабдувањето, доаѓаат во Србија. Министерот за трговија Расим Љајиќ изјави дека сега се исполнети условите за влез на овие две компании на српскиот пазар.

“Со низа мерки спречивме понатамошно пореметување на пазарот. Немаме недостатоци на производи и не очекуваме драстично зголемување на цените пред новогодишните празници. Новиот скок на цените би можел, поради намалената побарувачка, да им се врати на трговците како бумеранг”, предупреди Љајиќ.

Во период од две години, Лидл ќе отвори 15 маркети во повеќе градови во Србија со вкупна површина од 2.000 метри квадратни, додека Икеа би отворила свои продавници уште до крајот на 2013 година, под услов да нема бирократски пречки.

На пазарот во Србија најмногу беа погодени потрошувачите, затоа што трговските ланци пресметуваа високи маржи, некои дури и преку 30%. Владата успеа да воведе ограничување на маржите на основните произоди за живот на максимални 10%. Трговците на тоа реагираа така што продаваа помалку стока во помала амбалажа, па побараа да се укине одредбата за ограничување на маржата, за да можат да преживеат.

Членките на домашниот трговски ланец (ДТЛ) се договорија од 1 јануари да ги зголемат маржите од 10% на 15%, што најмногу ќе се одрази на инфлацијата, по која Србија е водечка во Европа.