Испораките на нафта од Русија во Индија се зголемени за 22 пати

22

Испораките на нафта од Русија за Индија се зголемени за 22 пати минатата година, изјави денеска рускиот вицепремиер Александар Новак.

Тој на состанокот на колегиумот на Министерството за енергетика на Русија рече дека испораките за Кина и другите пазари се зголемени, пренесува РИА Новости.

Агенцијата наведува дека Новак претходно во март објавил дека Русија минатата година и испорачала на Кина околу 67 милиони тони нафта, што претставува речиси една третина од нејзиниот вкупен извоз.

Новак посочи дека преориентацијата на енергетските текови бара продолжување на работата на формирањето на флотата на танкери, подобрување на плаќањата и создавање нови системи за осигурување.

„Нашите пријателски земји се нови пазари лоцирани во азиско-пацифичкиот регион, Латинска Америка, Арктикот, Централна и Централна Азија“, рече Новак, пренесува Танјуг.

Според него, затоа е важно Русија да го задржи темпото поврзано со создавање механизми и инструменти кои ќе и овозможат сигурно снабдување на нови пазари оваа година.

„Станува збор за логистички синџири и продолжување на формирањето на флотата на танкери, создавање инструменти за плаќање, транзиција кон националните валути“, додаде Новак.