Истанбул го доби првото самоуправувачко метро

32

metro-vnatre-pixabay

Турскиот град Истанбул на 15-ти овој месец го доби првото автоматизирано и самоуправувачко метро, пишува Хуријет.

Од целиот овој автоматизиран систем, со должина од 20 километри, досега се отворени околу 10,5 километри. Остатокот се очекува да биде пуштен во јуни следната година.

Целата линија има 16 станици, а кога ќе биде целосно функционална ќе ја користат околу 700.000 патници дневно.