Истанбул: Околу 200 електрични такси возила на патиштата до крајот на годината

28

istanbul-pixabay

Фото: Pixabay

Околу 200 електрични такси возила ќе се најдат на патиштата во Истанбул до крајот на оваа година, соопшти претседателот на Истанбулската комора на таксисти, Јахја Угур, пренесува Хуријет.

Електричните такси возила ќе бидат во тиркизно сина боја, а жителите на Истанбул за возење со нив ќе плаќаат околу 15% повисока цена.

“Ефективно, тоа значи дека нашите клиенти ќе платат 5,30 евра за да патуваат со електричното такси во споредба со 4,60 евра што ќе ги платат да се возат со обично такси“, изјави Угур.

Овие такси возила се поврзани со апликација, а се опремени и со безбедносни камери.