Истанбул Шопинг Фест очекува преку еден милион туристи

79

istanbul-shopping-festИстанбул Шопинг Фест (ISF), кој се одржува помеѓу 8 и 30 јуни, се очекува да привлече 1,1 милиони странци кои ќе потрошат преку 200 милиони евра.

ISF се организира по трет пат во Истанбул. Фестивалот, на кој има големи попусти, промоции и награди, ќе биде пропратен и со музички концерти, уметнички изложби, модни ревии…

“Очекуваме туристите да потрошат преку 200 милиони евра за 23 дена”, изјави генералниот директор на фестивалот, Фусум Тавус. Таа рече дека за време на фестивалот минатата година Истанбул го посетиле околу 940.000 туристи и дека се очекува годинава оваа бројка да достигне до 1,1 милиони странски туристи.

Поради протестите што започнаа во Гези парк во Истанбул и се проширија низ цела Турција, програмата на организацијата е ревидирана, а некои настани и концерти се одложени.

isf 2