Историјата на Nike во три минути

176

nike-1

Фото: Pixabay

Светски познатиот произведувач на спортска опрема Nike, настана во 1964 година како Blue Ribbon Sports. По седум години го менува своето име во Nike, по грчката божица на победата.

Заштитниот знак на компанијата го креираше студентката Керолин Дејвидсон во 1971 година. Нејзиниот хонорар изнесуваше само 35 долари.

Првиот оглас во весниците, објавен од страна на компанијата, воопшто не го прикажувал конкретниот производ.

Првата TV реклама Nike ја емитуваше во 1982 година, а беше креирана од страна на агенцијата Weiden+Kennedy, со која компанијата и ден денес соработува.

Познатиот слоган Just Do It е измислен во 1988 година.

Во 2002 година Nike освоие Еми награда за рекламата која се прикажуваше за време на олимписките игри.

И покрај тоа што последниве години се соочува со многу контроверзи и е често на удар на јавноста, Nike продолжува да ја носи титулата на највреден спортски бренд.

Погледнете го и краткото видео за еволуцијата на брендот.