Историски пад на потрошувачка на пиво – како кон крајот на педесетите години

51

Во Германија минатата година драстично е намалена потрошувачката на пиво, односно купено е толку малку како кон крајот на 1950-те.

Додека во 2019 година, потрошувачката на пиво по глава на жител во Германија изнесувала 92 литри, минатата година паднала на 88 литри, соопшти Сојузот на германски пиварници.

Главна причина за намалување на потрошувачката на пиво е во затворањето на рестораните и баровите поради епидемиолошките мерки.

Последен пат толку малку пиво е испиено во 1958 година, кога по глава на жител се испиле 90 литри.

Фото: Pixabay