Историски раст на светските берзи

119

На светските берзи цените на акциите минатата недела достигнаа рекордно ниво бидејќи инвеститорите ги охрабри вест за развој на уште една вакцина пртив коронавирус и напредок во преносот на власта во Белата куќа.

На Wall Streeт, Dow Jones, минатата недела скокна 2,2 %, додека S&P 500 порасна 2,3%, а Nasdaq 3%.

Овие три индекса достигнаа минатата недела ново највисоко ниво во историјата бидејќи инвеститорите ги охрабри веста тоа што по американските Pfizer и Moderna и британската компанија AstraZeneca го заврши тестирањето на нејзината експериментална вакцина, која ја разви во соработка со универзитетот Оксфорд.

И на европските берзи цените на акциите минатата недела пораснаа, четврта недела по ред. Лондонскиот FTSE индексот порасна 0,25%, франкфуртски DAX порасна 1,5%, а париски CAC 1,9%. На токиската берза индексот скокна 4,4%, а исто така и на останатите азиски берзи цените на акциите минатата недела пораснаа, па индексот на MSCI достигна нависоко ниво.

Фото: Pixabay