Истрагата во Порше поради манипулации со акциите се проширува

82

Porsche-LogoГерманското обвинителство соопшти дека ја проширува истрагата за наводни манипулации со берзански акции на германскиот произведувач на спортски автомобили Порше. Со истрагата се опфатени 12 членови кои биле надзорниот одбор во периодот од март до октомври 2008 година, а меѓу нив е и Фердинанд Пих, претседателот на одборот на Фолксваген, јавува Ројтерс.

Поранешниот директор на Порше, Венделин Видекинг и поранешниот шеф на финансии Холгер Хертер во декември беа обвинети за манипулации со цените на акциите на Порше во време кога компанијата се обидуваше да стане сопственик на компанијата Фолксваген. Видекинг и Хертер наводно дале лажни искази во јавноста за намерите за преземање во 2008 година. Тие ги отфрлаат обвиненијата.

Обвинителството тврди дека Порше објавил најмалку пет соопштенија од март до октомври 2008 година во кои јавно демантирал дека постои план, иако подготовките за преземање на Фолксваген биле во тек.

Фердинанд Порше овој план го објави дури неколку месеци подоцна, што доведе до голем раст на цените на акциите на неговата компанија.

Порше на крајот не го презема Фолксваген и за малку избегна банкрот, останувајќи во долгови од преку десет милијарди евра.