Истражување: 78% од возачите не сакаат непотребна технологија во автомобилите

95

Студија покажа дека повеќето возачи веруваат дека модерните автомобили имаат премногу технологија, а повеќето од овие опции воопшто не се користат во секојдневното возење.

Истражување на 2.000 возачи во Велика Британија покажа дека 76% од возачите сметаат дека премногу технологија може да го попречи возењето, додека 61% од возачите би претпочитале поевтин автомобил кој е опремен исклучиво со опции што ги користат редовно.

Студијата, исто така, покажа дека една третина од возачите веруваат дека премногу технологија е инсталирана во новите автомобили, додека 69% од возачите изјавиле дека технологијата во автомобилите станала премногу комплицирана.

Севкупно, 78% од учесниците во истражувањето рекле дека би сакале само технологија во возилата што им е корисна и која им го олеснува животот и за поудобно возење. Сензори за паркирање, дигитално радио, Bluetooth и камера за рикверц се едни од најбараните технологии во новите автомобили.

Истражувањето дојде откако еден од лидерите на романската компанија, Андреа Гвинеја, неодамна изјави дека компанијата ќе ги задржи цените ниски со избегнување на „непотребни“ опции. Минатиот месец Dacia најави нов Duster за 2024 година кој ќе ја следи истата стратегија, нудејќи многу добар сооднос цена-перформанси, дури и со воведување на хибриден погон.