
Рамнотежата помеѓу работата и животот е сè поважна за работниците ширум светот, а овој фактор по важност ја надмина платата, според годишното истражување на холандската меѓународна компанија за вработување Рандстад.
Рамнотежата помеѓу работата и животот беше најважниот фактор за 83 отсто од 26.000 анкетирани работници во 35 земји, истите 83 отсто ја истакнаа безбедноста на работата, додека 82 отсто од испитаниците ја рангираа платата како главен приоритет, пренесува CNBC.
За прв пат во 22 години истражување, работниците рекоа дека рамнотежата помеѓу работата и животот им е поважна од платата, што укажува на тоа дека пазарот на труд се променил по пандемијата на коронавирус.
Работниците сега бараат повеќе од своите работодавци, дури и во услови на предизвикувачка економска средина и технолошки промени.
Речиси половина од испитаниците, поточно 45 отсто, изјавиле дека веќе побарале подобри услови за работа, додека 31 отсто од анкетираните ја напуштиле работата која не нуди доволно флексибилна работа.
Работата денес е повеќе од само плата, а талентите ширум светот бараат работни места кои се усогласени со нивните лични вредности, аспирации и околности, рече извршниот директор на Randstad, Сандер ван Норенде.
Балансот помеѓу работата и животот е најважен за најмладите работници кои припаѓаат на таканаречената генерација Z, но и за испитаниците кои се над 61 година и се при крај на својата кариера.
Огромното мнозинство од вработените, дури 83 отсто, сакаат нивното работно место да им обезбеди чувство на заедница.
Работниците нема да му бидат лојални на својот работодавец ако чувствуваат дека не припаѓаат на некоја организација, а повеќе од половина од испитаниците, 55 отсто, се подготвени да ја напуштат работата поради оваа причина, што е значително зголемување од минатогодишните 37 отсто, се вели во извештајот државите.