Истражување на ЕЦБ: Мал е ризикот за зараза преку банкноти

40

За да се отстрани загриженоста за можна контаминација на банкнотите, Европската централна банка (ЕЦБ), започна истражување со голем број европски лаборатории од највисок ранг за проценка на однесувањето на коронавирусот на различни површини.

Резултатите покажуваат дека вирусите можат полесно да преживеат на површините од не’рѓосувачки челик отколку на банкнотите, при што стапките на преживување отприлика 10 до 100 пати се повисоки во првите неколку часа по контаминацијата. Другите анализи покажуваат дека е многу потешко да се пренесе вирус од порозни површини како банкноти отколку од мазни површини како пластика.

“Генерално, банкнотите не претставуваат особено значителен ризик од инфекција во споредба со другите типови површини со кои луѓето доаѓаат во контакт во нивниот секојдневен живот. Меѓутоа, нашата соработка со научните лаборатории ќе продолжи во наредните недели за да се одржи довербата на јавноста во безбедноста на банкнотите“, наведуваат од ЕЦБ.

Фото: Pixabay