
Германските извозници се песимисти во врска со војната на Блискиот Исток и загрижени за својот бизнис, според извештај објавен денес од Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен.
Вредноста на индексот, кој ги мери очекувањата на германските извозници во март, падна од плус 2,7 поени во февруари на минус 0,9 поени, беше забележано во соопштението.
Конфликтот на Блискиот Исток значително ја зголеми неизвесноста кај извозниците, а многу компании стравуваат од пад на побарувачката на клучните пазари, коментираше раководителот на истражувањето на Ifo, Клаус Волрабе.











