Истражување: Ова се два најчести симптоми на Ковид -19 во Европа

158

Главоболка и губење на сетилото за мирис се најчестите симптоми на коронавирусот кај заболените во Европа, покажуваат резултатите од истражувањето на институтот International Federation of ORL Societies (IFOS).

Истражувањето покажало дека болеста се манифестира во различни облици, а кои симптоми ќе се појават зависи од староста и полот на пациентите.

Резултатите од истражувањето покажале зачестеност на тие симптоми кои не биле забележани во истражувањето на пациентите во Азија.

Заклучокот од овој научен експеримент, изведен на повеќе од 1.400 пациенти кои имаат благ или умерен облик на болеста, а кој е објавен во Journal of Intern Medicine, е дека седум од десет заболени ги имаат тие симптоми.

Истражувањето, извршено во пет европски земји (Франција, Белгија, Италија, Шпанија и Швајцарија) потврдува дека губењето на сетилото на мирис е еден од специфичните симптоми на Ковид-19 и тоа не само како последица на затнат нос.

Втор најчест симптом е затнат нос (67,8%) и кашлица (63,2%), замор (63,3%), проследено со болки во мускулите (62,5%), течење на носот (60,1%) и губење на вкус (54,2%), додека помалку од половина од пациентите (45,4%) имаат треска.

Фото:Pixabay