Истражувањe:Повеќе од 60 проценти од работниците веруваат дека работата е извор на стрес

Според истражувањето спроведено од истражувачкиот центар Толуна, 61 отсто од испитаниците веруваат дека работата е извор на стрес, додека 22 отсто сметаат дека нивната професионална активност негативно влијае на нивното ментално здравје.
Истовремено, 74 отсто од вработените својата работа ја гледаат како можност за напредување.

Истражувањето покажа дека жените се повеќе погодени од стресот, особено оние на возраст меѓу 45 и 54 години, при што 72 отсто од нив изјавиле дека нивната работа ја сметаат за извор на стрес, наспроти 57 отсто од мажите на иста возраст, објави француската телевизија BFM.

„За да го објасниме ова, очигледно ја имаме хипотезата за товарот на семејството, кој го носат главно жените“, рече Јохан Марсет, извршен директор на Meaning at Work.

Испитаниците генерално ги идентификувале најчестите ризици за менталното здравје на работа, при што 21 отсто наведуваат губење на значењето и досада, додека 22 отсто рекле дека веруваат дека нивната професионална активност негативно влијае на нивното ментално здравје.

Марсет, исто така, рече дека постарите вработени се чувствуваат маргинализирани и дека во 2024 година, само четвртина од оние над 55 добиле интервју или повратни информации од нивниот менаџер со цел да им помогнат да напредуваат.

Во анкетата, вработените изразиле потреба од автономија во извршувањето на задачите – 46 отсто од нив, и рамнотежа помеѓу професионалниот и личниот живот – 34 отсто. Речиси осум од десет испитаници рекле дека би сакале да имаат корист од четиридневната работна недела, пренесува Euronews.