Италија: Алтернативните начини на патување до работа заштедиле над 402 тони СО2

21

Фото: Pixabay

Жителите на Италија минатата година успеале да заштедат 674.281 евра бидејќи на работа патувале пеш, со велосипед или го споделувале превозот со колеги или луѓе со кои се движат на иста релација, пренесува агенцијата Ansa.it.

Освен заштеда на пари, 420 тони СО2 не е испуштен во атмосферата, со што се придонесува за помалку загадување на воздухот.

Според податоците на Jojob, компанија што нуди можности за мобилност, 59% од корисниците биле мажи, во просек на возраст од 35 години, додека просекот кај жените се движи околу 30 години.

За девет месеци, вработените во Италија кои на своето работно место патувале со велосипед поминале 36.132 километри, заштедиле 7.224 евра и не емитувале 4.696 килограми СО2.