Италија инвестира една милијарда евра во проекти за вештачка интелигенција

33

Италија планира да формира инвестициски фонд со почетна инвестиција од 1,09 милијарди евра за промоција на проекти поврзани со вештачката интелигенција (АИ), изјави денеска италијанската премиерка Џорџa Мелони.

Овој фонд би можел да собере уште две милијарди евра од приватниот сектор со помош на националниот инвестициски фонд „Venture Capital“, кој е дел од Банката за развој на Италија (CDP), пренесува Reuters.

Италија сака да го искористи своето претседавање со Г7 оваа година за да се фокусира на влијанието на вештачката интелигенција врз работните места и нееднаквоста, како и да ги постави темелите за развој на оваа технологија.